УАПСЕНИ ШПИОНИ ВО РУСИЈА: Сакале да продадат тајни карти на Руската војска, ФСБ ги открило

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Припадниците на Федералната служба за безбедост на Русија (ФСБ) откриле обид за продажба на тајни воени карти на странска служба, соопшти управата на ФСБ

Не е познато каде точно работат приведените лица (тројца државјани на Русија и еден државјанин на Украина). Исто така не е прецизирано кои разузнавачки служби требало да ги откупат тајните документи.

„Истовремено при апсењето на тројцата државјани на Русија и Украинецот, во Екатеринбург, Симферопол и Омск, извршен е претрес, во кој се запленети електронски и книжни копии на тајни топографски мапи на Генералштабот на Вооружените сили на Русија“, се истакнува во соопштението.

Предавањето на тајните податоци е спречено, но не е покренато кривично обвинение, судејќи по соопштението, кое е ограничено на предупредувањето за „недопустливоста на постапките кои спаѓаат под член за „Шпионажа“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This