УАПСЕН МИТРЕ ПОРАДИ ШВЕРЦ НА ГРАВ: Уапсени 2 албански цариници и Митре од Пустец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанската полиција уапси двајца цариници вработени на граничниот премин Горица на албанско-македонската граница кај Стење, под обвинение дека овозможиле шверц на грав од Македонија.

– Поради злоупотреба на службената положба за лична корист, уапсени се цариниците од граничниот премин Горица, Гентиан Кецо (34) од Бабан кај Девол и Хектор Марино (39) од Корча. Уапсен е и Петре Митре (27) од селото Глобочани, општина Пустец, кој од Македонија внел 1,3 тони грав, соопшти Полицискиот комесаријат од Корча, под чија надлежност е преминот.

Запленетата стока била натоварена во возило марка „Фолксфаген”, а цариниците дозволиле да мине без да да биде извршена контрола и потребната царинска процедура.

Уапсените ќе одговарат за „злупотреба на службета положба” и „недозволена троговија” пред судот во Корча

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This