УАПСЕН ОСОМНИЧЕН ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА АТЕНТАТ: Еден осомничен за оружјето во близина на домот на Вучиќ уапсен во Република Српска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите во Република Српска приведоа маж, осомничен дека е поврзан со оружјето кое пред десетина дена беше пронајдено во близина на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ во белградската баселба Јајинци.

specijalci_srbija

Според информациите на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, апсењето е извршено по меѓународна потерница издадена од Србија, по обвинение за незаконско поседување на оружје и експлозивни материјали.

Осомничениот е уапсен во Бања Лука за време на викендот и е предаден на судот на Босна иХерцеговина за евентуална одлука за екстрадиција.

Во шума близу куќата во која живеат родителите на Вучиќ во Јајинци, полицијата откри рачен ракетен фрлач, рачни бомби и муниција за снајпер и автоматска пушка.

При истрагата било утвредено дека рачниот ракетен фрлач, кој се користи за уништување на тенкови и оклопни возила, е набaвен од црниот пазар во Хрватска, а две од рачните бомби се од босанско производство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This