- Advertisement -
Ексградоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митревски е уапсен утрово, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од полициски извори.
Митревски, според првичните информации, е уапсен за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Митревски се очекува да биде однесен во една од полициските станици, во Кисела Вода или Гази Баба.