УАПСЕН ФРАНЦУСКИ ДИПЛОМАТ ВО ИЗРАЕЛ: Со дипломатско возило шверцал оружје и го продавал на Палестинците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тој работел за францускиот конзулат во Ерусалим и наводно го користел своето дипломатско возило за шверц на оружје во појасот Газа

Француски државјанин кој работел за францускиот конзулат во Ерусалим бил уапсен од локалните власти за наводен шверц на оружје за Палестинците.

Најверојатно дипломатскиот претставник користел дипломатско возило за шверц на оружје помеѓу Појасот Газа и Западниот Брег, изјави во понеделникот домашната агенција за безбедност на Израел.

Шин Бет го идентификуваше човекот како Ромеин Франк (23) и го обвини дека е дел од еден поширок палестински синџир за шверц, кој го користи своето дипломатско возило за транспорт на оружје преку израелската граница со појасот Газа.

“Ова е многу сериозен инцидент во кој привилегиите и имунитетот што им се дава на странските мисии во Израел беше цинично експлоатирани за шверц на оружје што може да се користиво терористички напади”, се вели во соопштението.

Француската амбасада во Израел соопшти дека соработувала при апсењето на нејзиниот член на персоналот:

“Ние сериозно го сфаќаме овој случај … и ние работиме многу блиску со израелските власти за ова прашање”, рече портпаролот на амбасадата, кој не даде понатамошен коментар за наводите против вработениот.

Девет луѓе, меѓу кои и Франк, беа уапсени. Франк и пет други лица ќе бидат обвинети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This