Уапceни четири лица поради нaпaд на полициски службеници во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден на две локации биле нападнати полициски службеници при вршење на службени дејствија. Уапсени се четири лица, едно при првиот и три при вториот инцидент.

На 22.08.2021 околу 13.10 часот на ул.„Цветан Димов” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(39) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.08.2021 околу 23.40 часот на ул.„Скупи” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.К.(30), Е.Г.(50) и А.Г.(24), сите од Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This