April 26, 2024, 11:37 pm

Уапceн бугарски фудбалски cyдија бидејки „испрал“ 26,5 милиони наменети за изградба на автопат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фудбалскиот судија и поранешен даночен службеник Борислав Колев е уапсен под сомнение дека испрал 26,5 милиони евра доделени од државата за изградба на најдолгиот автопат во земјата „Хемус“, пренесува Еуроактив.

Според неофицијални полициски информации, неговиот брат е вработен во една од најголемите бугарски градежни компании кои се занимаваат со изградба на автопатот во Северна Бугарија, пишува весникот 24 Часа.

Државата парите ги дала прво на државната компанија „Автомагистрали“, која избрала приватни фирми да ја вршат градбата без тендер за јавна набавка. Постојат сонежи дека тогаш дека парите биле префрлени на сметки на фиктивни компании. После тоа, сумите биле подигнати од банки.

Според информациите на бугарската истражна веб-страница Bird.bg, едно од лицата кои ги подигнало парите на касата е бездомник кој добил над 9 милиони евра, а подоцна починал од СОВИД-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This