Уапceн, па веднаш пуштен kocoвскиот нapkoбос Hacep Keљменди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовецот Насер Кељменди, кој се поврзува со трговија на дрога е пуштен на слобода само неколку часа откако вчера беше приведен во Полициска станица во Лозница, пишуваат локалните медиуми.

При приведувањето на Кељменди кај него не било пронајдено ништо што би можело да го поврзе со некое кривично дело, пишуваат балканските медиуми.

Нема официјални информации заради што е приведен.

Насер Кељменди американската ДЕА го карактеризираше како најголем регионален наркобос. Почнал како шверцер на текстил, но во меѓувреме „напредувал“ кон шверц со наркотици.

во 2018 година во Приштина беше осуден на шест години затвор заради поседување дрога. Во исто време беше ослободен од обвинение за организиран криминал и за убиство на Рамис Делалиќ од Сараево.

Насер е најстариот член на„Јатачкото семејството“ Кељменди, како што често ги нарекуваат. Тие го „заработија“ тој епитет затоа што се верува дека честопати им обезбедувале засолниште на најбараните криминалци од оваа област. Сите машки членови, таткото Насер и трите сина, се поврзани со злосторство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This