УБАВИНАТА ДОАЃА ОД ВНАТРЕ: Силна порака на мајка која сака да ја научи ќеркичката да се сака себе си

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќерките секогаш се огледуваат на своите мајки, па Ешли Локлин реши да биде најдобар пример за својата мала ќерка. Таа објави фотографија на која со слатката Лондон позираат во исти костими за капење заедно со силна порака во која опиша како се обиде да ја скрие својата несигурност, за да ѝ покаже на малото девојче дека убавината доаѓа одвнатре.

Сакав да си ги штипнам зголемените бутови и вишокот масти на стомакот, но таа ме гледаше.

Сакав да застанам пред огледалото, да го вовлечам стомакот и да се видам од различни агли, но таа ме гледаше.

Сакав да си ги подигнам градите и да се обидам да си ја видам половината, но таа ме гледаше.

Сакав да речам „Не го носам ова“, додека се обидував да го растегнам ластикот на бикините, но таа ме гледаше.

Наместо тоа…

Застанав пред огледалото, ја грабнав нејзината рака и реков „Погледни нè!“

Се насмевнавме и започнавме да се вртиме во новите костими за капење.

Ја оставив наметката во собата и гордо зачекоривме на патот кон плажата.

Нејзината смисла за убавина и самодоверба доаѓа од мене и сакам да знае дека убавината доаѓа одвнатре. Дека совршено тело не е услов за забава. Дека секој може да се носи со самодоверба. Дека големината не ја диктира вредноста, убавината или количината на радост која ја заслужуваме.

Најубавата комбинација е жена која зрачи со самодоверба од секоја пора на нејзиното тело и испушта радост како електрицитет – без оглед на нејзината големина.

Дами, го можете вие тоа. Борете се со нагонот да се потиштувате себеси и покажете му на светот дека убавината доаѓа во сите форми и големини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This