УБАВИ ВЕСТИ ОД АВСТРАЛИЈА: Македонскиот јазик ќе се учи во градинките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од наредната година во градинките во Нов Јужен Велс, Австралија, ќе може да се учи македонскиот јазик, пренесе Матица на иселеници.

 

 

Со оваа образовна програма ќе бидат опфатени децата од градинките до возраст од 12 години. Во новата јазична програма покрај македонскиот јазик ќе се учат и јазиците хинди и персискиот, објави телевизија Си-би-ес.

 

Ова е одраз и на лепезата од странски јазици кои се говорат во Нов Јужен Велс, но и ширум Австралија. Од тие причини се размислува и за воведување учење втор јазик во образовниот систем во Нов Јужен Велс.

 

Австралиското Министерство за надворешни работи, претставници на македонската дијаспора и научници од повеќе австралиски универзитети изработиле досега најобемно истражување на македонската дијаспора во Австралија кој беше промовиран вчера во австралискиот Парламент.

 

– Стоилјадната македонска заедница ја збогатува Австралија уште од 1880 ите години, и претставува основа на нашите односи со Македонија, изјави на промоцијата на извештајот Ричард Марлес, парламентарен секретар за надворешни односи и односи со пацифичките острови.

 

Истражувањето било извршено над 1.083 испитаници од сите делови на Австралија. Во своите политички активности во Австралија, мнозинството испитаници кажале дека се мотивирани и од односот на австралиските власти кон Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This