Убедливо државата е рекордер по бројот на зaгубени животи од корона, а од власта се фалат дека ја победија пандемијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Hа вечерашната дебата на МТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос на ситуацијата со коронавирусот истакна дека Македонија е убедливо рекордер по бројот на загубени животи од коронавирусот споредбено со земјите во регионот, заради калкулантскиот однос на Заев и Филипче

-Рекордери сме по бројот на луѓето коишто го загубиле животот поради Ковид 19 пандемијата, а сето тоа е поради калкулантскиот однос, непримерниот однос, наместо тие во Комисијата за заразни болести да бидат инфектолози, прераснаа во политиколози, рече Мицкоски.

Мицкоски покажа дијаграм за состојбата во Македонија, по бројот на луѓе коишто го загубиле својот живот од коронавирусот на миион жители, во споредба со регионот и истакна дека ние денеска сме рекордери по бројот на лица коишто се инфицирани од Ковид19 пандемијата.

Ниту Заев, ниту Филипче после 15-ти јули ќе имаат можност да одлучуваат повеќе за здравјето на граѓаните, добрата вест е што ќе дојдат луѓе компетентни, луѓе коишто знаат како да се справат, вели Мицкоски.

-Власта на крајот од месец мај прогласи победа на пандемијата, а сега во месец јули, само вчера имаше повеќе од 100 новозаразени и неколкумина починати, потсети Мицкоски.

Тој вели дека пред само една недела го имавме рекордот на луѓе коишто се починати, а тоа се 15тина починати.

-Предвидуваа 2.000 заболени, ние имаме повеќе од 7.000 и повеќе од 380 смртни случаи, пред овие бројки и вистината молчи, критикуваше Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This