УБИЕН ПОЗНАТИОТ БЕЛГРАДСКИ АДВОКАТ: Застапуваше бројни клиенти обвинети за тешки кривични дела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Огњановиќ  (57) е убиен пред зградата во која живеел, а ранет е неговиот постар син (26) кој во тој момент бил со него.

– Слушнав пукотници и истрчав да видам што се случува. Тоа ни е сосед, има и мало бебе-раскажува вознемирена соседка.

Еден од очевидците раскажува дека по пукањето видел машко облечено во црно, со качкета, како бега од местото на злосторството. Но засега не  е познато колкумина учествувале во ликвидацијата, ниту на кој начин стигнале до местото.

Полицијата ги застанува и претресува возилата и документацијата на сите поминувачи.

Огњановиќ беше еден од најпознатите белградски и српски адвокати кои се занимаваше со кривично право.

Застапуваше бројни клиенти обвинети за тешки кривични дела, како пред судовите во Србија така и во судот во Хаг каде беше и дел од правниот тим на Слободан Милошевиќ, сопругата Мира Марковиќ, и многу други познати личности.

Го нарекуваа адвокат на ѓаволот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This