УБИЕН ТЕРОРИСТОТ ВО ФРАНЦИЈА: Терористички напад во Франција, терористот е убиен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Француската полиција уби еден напаѓач кој зеде заложници во супермаркет во јужна Франција, потврди министерот за внатрешни работи Жерард Коломб. Париз претходно го нарече инцидентот како најверојатен терористички чин.

Вооружениот напаѓач, наводно со мароканско потекло, отворил оган на четворица полицајци во историскиот град Каркасон во понеделникот изутрина. Подоцна тој упаднал во еден супермаркет во блискиот град Требеш, земајќи голем број заложници.

Човекот, исто така, е осомничен за убиство на возачот на автомобил во Каркасон и крадење на неговото возило, според извештаите во француските медиуми. Сопатникот на украденото возило е во болница во критична состојба.

Комбинираната бројка на загинати во престрелките во Каркасон и во заложничката ситуација во Требеш се искачи на три.

Францускиот премиер Едуард Филип изјави дека најмалку еден полицаец бил повреден како резултат на нападот. “Службата за противтероризам го презеде случајот; сите информации што ги имаме нè водат да мислиме дека ова ќе биде терористички чин “, изјави премиерот за новинарите.

Филип, исто така, го потврди инцидентот во Каркасон, каде што четири полицајци беа нападнати со огнено оружје. “Еден од нив беше повреден, но не е во опасност по живот”, рече тој.

Портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи одби да потврди дека две лица се загинати во заложничката ситуација во супермаркетот.

Според француските медиуми, сторителот бил познат на разузнавачките служби – особено Генералната дирекција за внатрешна безбедност.

Киднаперот побара ослободување на Салах Абдеслам, единствениот преживеан терористички осомничен зад нападите во Париз. Абдеслам во моментов е во затвор во очекување на судење поради неговата наводна вмешаност во терористичките напади во Париз во 2015 година.

Според весникот Ле Фигаро, 45-годишен потполковник се заменил во замена за еден од заложниците во супермаркет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This