April 27, 2024, 12:22 am

УБИЕЦОТ БЛИЗОК ДО КЛАНОТ ЗАЕВИ: Полицијата не ги превземала ни основните истражни дејствија за пронаоѓање на убиецот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поминаa повеќе од десет дена од свирепото убиство кое се случи минатиот петок, кога на мафијашки начин од заседа беше убиен младиот фудбалер Мартин Јанушев, на фреквентно место во центарот на градот пред култниот аеродромски кафе-бар „Гет кафе“, каде имало повеќе минувачи, но и голем број на безбедносни камери од објектите во околината.

Јавноста се повеќе зборува дека убиецот на младиот Јанушев, е познат криминалец, кој е дел од новата компанија за обезбедување „Омерта“ чиј вистински сопственик наводно бил Вице Заев, токму поради тоа истрагата се одолговлекува, а постојат и сериозни пропусти во истрагата со цел да се отргне сомнежот од вистинскиот убиец, за во меѓувреме да се најде криминалец кој би прифатил да ја превземе вината на себе.

Според непотврдени информации кои кружат низ Скопје,откако се случи убиството на фудбалерот Мартин Јанушев,и откако во јавноста беше обелоденото дека убиецот е добро познат криминалец и дел од новата агенција за обезбедувањена Вице Заев,,Омерта Секјурити” по наредба на Оливер Спасовски и Зоран Заев,високи полициски функционери,оделе по познатите кафулиња и барале од сопствениците на локалите да се одлепат налепниците со натпис ,,Омерта Секјурити”,за да најверојатно агенцијата не се поврзува со убиецот на фудбалерот.

Имено младиот Мартин Јанушев на крајно свиреп начин со пет куршуми во глава пред беше застрелан пред голем број очевидци на сред бел ден пред кафе барот ,,Гет кафе” во скопски Аеродром, место каде имало голем број на минувачи, посетители во кафе баровите во близина и голем број на безбедносни камери на објектите во околината. И покрај големиот бриој на доказни основи, од страна на МВР и Оливер Спасовски ,нема конкретна акција за пронаоѓање на сторителите, а полицијата не направи ниту фото –робот од убијците, што е основно истражно дејствие со кое се користи полицијата.

Зошто не се превземени основните исдтражни дејствија и покрај тоа што постојат голем број на индиции и доказни средства, кои можат да ја однесат полицијата до убиецот е прашањето кое се поставува во јавноста. Дали можеби полицијата го крие убиецот кој е во контакт и под заштита на еден од советниците на премиерот Заев, шпекулациите во јавноста одат до таму што се зборува и дека ова е всушност пресметка помеѓу разните криминални групи на кои им била ветена контролата на подземјето во Скопје и скопско.
Скандалозното премолчување за овој случај и непревземање на активности од страна на МВР врзани со истрагата за убиство футбалерот Мартин Јанушев, може лесно да се поткрепи само ако ја отвотите web- страната на МВР. Каде во делот на потраги можете да видите за кои лица кои извршиле прекршување на законот МВР трага и има официјална слика од истите или евентуален фото-робот, но за убијциве на младиот Јанушев нема.


За случувањата во скопското подземје информираше и Сашо Ордановски, новинар близок до СДСМ, пред само неколку дена предупреди за појавата на рекетарски банди по скопските улици. Во колумната за Цивил медиа Ордановски вели ,,Во градот се појавила нова рекетарска банда која шета по дуќани, кафеани, кафулиња, бутки, бизниси и фирми и на нивните газди се обидува да им наметне нова „заштита”, како замена за досегашната, падната од власт „заштитарска” шема,за обезбедување на познатите скопските локали и кафулиња.
Овие случување одат рамо до рамо со информациите дека деновиве се подготвуваат сценарија друг да ја преземе вината за грозоморното убиство. Се подготвуваат и се зборува дека убиецот не смее да одговара за своето дејство само за да не излезат на површина неговите блиски релации со криминалците од врвот на СДС. Затоа се говори дека се подготвува сценарио во кое наводно ќе се манипулира дека убиството било во самоодбрана. Треба јавноста да биде убедена дека жртвата посегнала по пиштол.


Додека имаме сериозен молк од страна на медиумите невладините организации и од страна на надлежните институции,граѓаните се во паника и се повеќе стравуваат за својата лична и семејна безбедност.
Скопје и Република Македонија како полека да се враќаат во деведесетитеи се повеќе заличува на либански Бејрут,каде имаме секојдневни неразјаснети убиства,запалени автомобили на познати угостители и стопанственици и борби за превласт на криминални структури од подземјето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This