УБИЕЦОТ ОД ВЕЛЕС, НАЈАВИЛ ДЕКА ЌЕ ГИ УБИЕ СОСЕДИТЕ НА ФЕЈСБУК: Осомничениот Спасе В. живеел во Австралија – дошол во Велес да ги убие соседите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното обвинителство денеска соопшти дека осомничениот за убиството во Велес, по стореното дело на Фејсбук објавил зошто го сторил делото. Соседот од улицата „Коле Цветков” на социјалната мрежа објави дека решил да ги убие неговите монструми.

 

Еве ја неговата порака во целост:

„Фејзбук Пријатели, ја вечерва прекинав да ќутам 47 години откако бев Нем и Глув, се решив да ги убијам моите Монструми, а мое мислење е дека се и Монструми на целото Општество, сѐ што ќе слушнете лошо за мене од овој момент па натаму, ми е натоварено од токму овие Монструми… Не знам кога повторно ќе успеам (и дали ќе успеам) да се јавам, поздрав и сѐ најубаво до сите Пријатели…“.

Како што појаснуваат од СВР Велес, според нивните првичните сознанија причина за нападот била нетрпеливоста на насилникот кон соседите. С.В. живеел во Австралија.

По наредба на јавен обвинител треба да се изврши обдукција на телото на починатиот, како и да се подигнат сите траги и материјални докази од местото на настанот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This