УБИСТВО ВО ЧАИР: Едно лице е убиено, едно е рането-убиецот е во бегство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Убиен е Исмет Арифи, а Ќемал Лусјани со прострелна рана е пренесен во болницата „Св. Наум Охридски”. Убиецот е во бегство.

Синоќа на улицата „Лазо Трповски“ во скопската населба Чаир, кај маркетот „Принц“, со огнено оружје бил убиен Исмет Арифи од Скопје, а Ќемал Лусјани со прострелна рана е пренесен во болница. Мотивот за убиството засега не е познат.

Во жртвите било пукано од автоматско оружје. МВР почна потрага по убиецот, а во тек е детална истрага за овој немил настан.

Очевидци велат дека се работи за класична пресметка на дел од скопското подземје. Настанот се случил кога со возило било попречено движењето на „волксвагенот“ на Арифи и со автоматска пушка биле истрелани повеќе куршуми, по што убиецот избегал.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This