УБИЈЦИТЕ ИМ БЕГААТ, АМА СВИРКАЧИТЕ ГИ ФАТИЈА: Полицијата експресно ги идентификува учесниците во инцидентите на Мечкин Камен!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

9 месеци поминаа откако беше идентификуван убиецот на Мартин Јанушев, но полициајта се уште не го изведе злосторникот пред лицето на правдата. Додека неколку недели беа потребни за полицијата да издаде потерница за убиецот на младиот Никола Саздовски Саздо, полицијата има експресна реакција за инцидентите на Мечки Камен кога владината и собраниската делегација, како и неколку странски дипломати беа исвиркувани од присутните.

Имено полицијата ќе ги гони идентификуцаните лица од снимките поради ,,ширење на говор на омраза’’.

Полицијата реагираше откако пристигна реакција од Тирана на вчерашните настани, а Албанското министерство за Европа и надворешни работи остро ја осуди „употребата на јазикот на омраза и антиалбанските расистички извикувања“ на вчерашното одбележување на Илинден на Мечкин Камен .

Сега слободно може да се постави легитимно прашање, за кого работи македонската полиција? Дали во заштита на македонските граѓани или пак во заштита на националните чувства на Албанците во светот? Повеќе од очигледно е дека се работи за вториот случај, бидејќи додека на пример Косовската држава одбива да испорача свои граѓани кои беа учесници во масакрот кај Смилковското езеро, Македонија ќе апси свои граѓани поради наводен говор на омраза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This