Убиeн италијанскиот амбасадор во Конго во нaпaд на koнвојот на ООН

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанскиот амбасадор во Демократска Република Конго, неговиот телохранител и возач од Светската програма за храна беа убиени во понеделникот кога нивниот конвој беше нападнат на истокот на земјата, соопштија Италија и Обединетите нации.

Конвојот беше нападнат околу 10,15 часот наутро во обид за киднапирање во близина на градот Канјамахоро, на околу 25 километри северно од регионалниот главен град Гома, изјави за Ројтерс портпаролот на Националниот парк „Вирунга“.

Смртта на амбасадорот, Лука Атанасио (43), италијанскиот воен полицаец Виторио Јаковачи (30) и возач од Конго, чие име не е соопштено, ја потврди италијанската влада во соопштението.

Возачот работел за Светската програма за храна на ОН (СПХ), се вели во соопштението, додавајќи дека голем број други патници биле повредени.

Десетици вооружени групи дејствуваат во и околу „Вирунга“, кој се наоѓа покрај границите на Конго со Руанда и Уганда. Чуварите на паркови постојано се напаѓани, а шестмина биле убиени во заседа минатиот месец.

Гувернерот на провинцијата Северен Киву, Карли Нзанзу Касивита, за Ројтерс изјави дека напаѓачите го запреле конвојот со истрели од предупредување. Тие го убија возачот и ги водеа другите во шумата кога чуварите на паркот отворија оган. Напаѓачите го убија телохранителот, а амбасадорот исто така почина, рече Нзанзу.

Јас ѝ ветувам на италијанската влада дека владата на мојата земја ќе стори сѐ за да открие кој стои зад ова страшно убиство, рече министерката за надворешни работи на Конго, Мари Нтумба Нзеза.

СПХ рече дека делегацијата била на пат да ја посети програмата за исхранана училиште во Рутсуру. Во него се вели дека патот претходно бил расчистен за патување без придружба на безбедност.

Со голем шок и огромна тага дознав за смртта на нашиот амбасадор во Демократска Република Конго и на еден полицаец од карабинерите“, рече во изјавата италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.

Околностите на овој брутален напад сѐ уште се нејасни и нема да се штеди од напор да се расветли што се случило“.

Ди Мајо беше во Брисел на состанок на Европската унија кога ги слушна вестите и ја прекина својата посета за да се врати назад во Италија.

Според веб-страницата на министерството, Атанасио бил шеф на мисијата на Италија во Киншаса од 2017 година и бил поставен за амбасадор во 2019 година. Тој беше оженет и имаше три мали ќерки, според неговата страница на Фејсбук.

Нападот во понеделникот беше во истото село каде што двајца британски туристи беа накратко киднапирани во 2018 година, по што паркот беше затворен за туристи девет месеци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This