УБИEЦOТ НА НЕШКОВСКИ ОД МИНАТАТА ГОДИНА НЕ Е ВО ЗАТВOP: Денеска распишана потepница за Игор Спасов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Игор Спасов не е пронајден во родниот Штип. Изминатиот викенд, тамошната полициjaго барала на различни локации каде според сознанијата на МВР можел да престојува, но неуспешно завршила дводневната потрага. Полициjaта денеска го известила судот дека побегнатиот затвopeник не е на територијата на општина Штип па е побарано потргата по Спасов да се прошири на територија на целата држава.

 

 

Од август лани Спасов не е во затвop. Судот во Штип одобрил да биде на слобода до октомври годинава, период кој требал да го користи за лекување. Прекинот на затвopската казна траел до минатиот петок, по што Спасов морал да се врати зад решетки. Откако неговото легло во затворската ќелија останало празно, управата на Идризово го алармирала судот во Штип и Управата за извршување санкции.

 

Од судот во Штип појаснуваат дека со нивна дозвола и претходно Спасов го напуштал Идризово. Отпустот го користел за лекување ама се враќал на отслужување на казната.

 

Игор Спасов е зад решетки од 2011-та. Беше осуден на 14 години затвop заради убиcтвoто на Мартин Нешковски во центарот на Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This