April 26, 2024, 11:29 am

УБК ВОДИ ДОСИЕ „МАКЕДОНСКИ ЕКСТРЕМИЗАМ“: Јовче Ременски ги злоупотребува ресурсите на УБК?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во јавноста се погласно се коментира дека СДСМ ги злоупотребува ресурсите на службите за следење на граѓаните за теснопартиски интереси, наместо да се грижат за безбедноста на граѓаните и на државата.

Имено и новинарката Јорданка Ивановска Јоци после објавените вибер комуникации од страна на пратеничката Ременски ја постави дилемата за можно следење на комуникациите на граѓаните.

– Ако може некој да ги објасни принт скриновиве од кај Ременски, јас не се разбирам во овие работи. А, стварно сакам да сфатам зошто операторите се различни, а батеријата само еден отсто се истрошила за саат време конкретно на овие две слики. Батеријата на фотките кои ги објави, во 10.12 часот е 24 % на оператор ВИП, а во 11.03 часот е 23% на оператор Т-мобиле. Ист мобилен, српско мени- напиша Ивановска на својот ФБ профил.


Ивановска Јоци уште вчера пишуваше за можно сценарио на службите во МВР за уфрлање на провокатори помеѓу незадоволните граѓани кои протестираа по донесувањето на неустатвниот закон за употреба на јазици со кој беа погазени не само Уставот, туку и законите и Деловникот.

– Можеби е време Фросина Ременски да и’ соопшти на јавноста кој ја направи снимката на протестот пред нејзината куќа, со оглед на тоа дека таа беше внатре, а надвор ја чуваа 60 полицајци. Онаа снимка која ја објави, а на која се гледаат униформи, значи е меѓу луѓето надвор. Полицаец? Провокант? И дали тој “некој” не учествувал ем во снимање, ем во недолични извици. А, како да знаеме дали провоканти не извикуваат било што, пишува таа.

Лично Зоран Заев во изјава потврди дека се следат комуникациите на граѓаните, за што од поодамна се шпекулираше во медиумите

– Од овие Вибер групи формирани од ВМРО-ДПМНЕ за организирање на протестите, кога имате 20 луѓе, барем двајца луѓе ги спроведуваат со опонентите- рече Заев.

СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА ЗАЕВ: Призна дека власта ја следи и комуникацијата на Вибер, и го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека со странски пари сака да ја сруши владата!

Јовче Ременски, сопругот на пратеничката и доскорешна потпретседателка на СДСМ Фросина Ременски Ташевска, е вработен во Втората управа, задолжена за заштита на државниот поредок од радикализам и екстремизам. Оттука се поставува прашањето дали наместо за заштита на државниот поредок кој со месеци се загрозува од радикали и екстремисти, ги користи ресурсите за да следи граѓани и политички неистомисленици. Имено веќе постојат информации дека институциите се злоупотребуваат во таа насока и веќе е отворена нова линија на следење и обработка на граѓани насловена како македонски екстремизам за членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, но и за членови на навивачки групиво државата. Ова речиси во целост наликува на досиеата на југословенската УДБА која илјадници Македонци ги следеше и обработуваше за идентично обвинување.

За да се покрие обработката и незаконското следење на граѓаните Власта веќе отпочна измени на законот за следење на комуникациите со кои во голема мера ќе се олесни прислушкувањето, следењето и обработката на граѓани во Македонија кои се политички неистомисленици на структурата на власт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This