УБК ЌЕ ГО РЕФОРМИРААТ ЛУЃЕ ОД ПАРТИЈА И РОДНИНИ: Партиски играчи на СДСМ доминираат во групата за реформа на безбедносниот сектор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По објавувањето на составот на работната група за реформите во Управата за безбедност и контраразузнавање, веднаш има остри реакции од јавноста. Во работната група доминираат луѓе кои се дел од владеачката партија, од нејзините коалициони партнери, но и докажани учесници на Шарената Револуција.

Можеби најголем проблем претставува учеството на Фросина Ременски, чиј што сопруг моментално е помошник директор во Управата за безбедност и контраразунавање. Покрај овој очигледен конфликт на интерес, Ременски ја врши и функцијата потпретседател на СДСМ, што веднаш индицира на која страна ќе се движат реформите и во чија полза.


Други имиња кои и се добро познати на јавноста се Горан Василевски и Стојан Славески. За нивната меѓусебна поврзаност и скандалот кој ги поврзува овие двајца, многу беше зборувано и со докази презентирано од страна на ТВ Алфа, која обелодени скандал дека имало неправилности при издавањето на безбедносниот сертификат на Василевски од страна на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, кадешто директор е токму Стојан Славевски.

На сликата подолу може да се види Одлуката со кој Управниот суд му ја одбива тужбата на Василевски, со која смета дека неправилно му е одземен сертификатот, односно Управниот Суд ја потврдува законитоста на одземањето на безбедносниот сертификат на лицето Горан Василевски. Скандалозно беше и неговото учество во Шарената Револуција, кое гордо го објавувал на својата ФБ страна, а познат е и по издавањето наредби на свои потчинети, да обезбедуваат митинзи на СДСМ.

Другиот од оваа двојка, Стојан Славески, влезе во фокусот на јавност по скандалозната набавка на моторно возило за свои потреби, и за сопствена удобност, кое ќе ги чини граѓаните повеќе од 20 000 евра, и кое мора да биде СУВ (џип). Покрај ова, тој во својата работа се чини дека не ги претставува интересите на граѓаните од кои зема плата, туку првенствено работи за својата партија ЛДП, па секој негов службен настан, е ажурно поставен и на страната на ЛДП. Тој фигурира и како претседател на невладина организација. Славески важи за човек близок до Шеќеринска, а освен овие скандали, со неговото име се поврзуваат и други афери, кои дополнително ќе бидат истражени.

Со овие луѓе, со сомнителен интегритет, како дел од Работната група за реформи, граѓаните треба сериозно да се загрижат какви решенија ќе се донесат и кој се се грижи за нивната безбедност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This