Угостителите во Холандија ја тyжaт Владата поради зaгубите од pecтриктивните мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Националното здружение на ресторани и угостителски компании во Холандија денеска соопшти дека ќе ја тужи холандската држава со цел да ги укине рестриктивните мерки, за кои постои стравување дека ќе доведат до многу банкроти.

Конинклијке Хореца Недерланд (КХН), најголемата организација што го претставува холандскиот бизнис со угостителство, соопшти дека го презела тој чекор затоа што Владата не обезбедила јасен план за повторно отворање четири месеци откако им било наредено да затворат.

KХН исто така бара неутврдена отштета согласно последното оспорување на правната оправданост на мерките кои холандската Влада ги презеде за спречување на ширењето на Ковид-19.

Минатата недела, холандски суд застана на страната на група против заклучување „Вирус Вархеид“ и пресуди дека за полицискиот час од 21 до 4:30 часот наутро, кој предизвика улични протести кога беше воведен на 23 јануари, недостасувала точна правна основа и нареди да се укине.

Против одлуката е поднесена жалба.

Се очекува холандската Влада утре да го продолжи полицискиот час за уште три недели до крајот на март, но оти на фризерите и средните училишта ќе им дозволи повторно да разботат од следната недела, јавија локалните медиуми.

ВЛАДАМЕРКИТУЖБАХОЛАНДИЈАКОРОНАВИРУС

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This