April 25, 2024, 10:27 am

Угриновски: Довербата на сите знајни и незнајни вевчанци е одговорност која постојано бдее над сите нас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани пред граѓаните се обрати и градоначалник и кандидат за иден градоначалник на општината, Цветомир Угриновски. Тој кажа дека е горд денеска меѓу граѓаните на Вевчани е човекот кој како што кажа Угриновски дал голема поддршка за многу проекти во општината, претседателот на партијата Никола Груевски.

 -Стојам денеска простум пред вас, со крената глава и со чувство на голема радост, стојам денеска во центарот на нашето Вевчани, како што застанав и пред четири години. Стојам денеска на овој пат без чувството на силна лична одговорност дали ќе успеам да го реализирам она што ви го ветив, затоа што знам дека направивме многу. За четири години постар, за четири години поискусен, за четири години позадоволен, затоа што заедно со мојот тим, со администрацијата и со колегите советници, независно од сите наши разлики влеговме беспоштедно во една политичка и професионална битка, која донесе резултати, изјави Угриновски.

Тој кажа дека имало четири години напорна работа, посветеност, реализација на многу проекти, четири години напор, но и задоволство, четири години потрошена енергија, но и години потрошени за Вевчани.

-Наследството на сите градители на Вевчани е огромно, товарот да се оправда довербата на сите знајни и незнајни вевчанци е одговорност која постојано бдее над сите нас и не опоменува дека мора да работиме напорно, чесно и еснафски. Изборите ќе поминат, се ќе помине, но ќе остане споменот за моите, но и за нивните дела. Народот и Бог, како и за се во живтот ќе суди и пресуди, изјави Угриновски.

Тој порача дека Вевчани нема да биде место во кое најлошите особини на се во Македонија се собираат. Тој кажа дека Вевчани за Македонија, е она што Спарта била за Грција.

-И во иднина продолжуваме во оваа насока, и во иднина продолжуваме цврсто и посветено да и дадеме пример на Македонија, изјави Угриновски.

Тој напомена дека и во иднина цврсто и силно ќе се бори за Вевчани, бидејќи ја има поддршката од народот.

-Проектите и делата се нашата најдобра програма и отчет, енергијата и минатиот труд се нашиот најдобар патоказ за иднината. Немам ниту најмала дилема дека и сега ќе победи вербата во Вевчани, убеден сум дека нашите политички разлики на изборниот ден ќе станат неважни кога ќе се соочат со големото дело на овој народ и оваа земја, изјави Угриновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This