УДАРНАТА ТУПАНИЦА ЗА “ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“: Албанците отсекогаш биле „народ инструмент“ во рацете на Германија, Велика Британија и САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанците не се во состојба да водат автономна политика, туку отсекогаш биле „народ инструмент“ за контрола на случувањата на Балканот, пред се на Велика Британија, Австроунгарија во еден момент, денес Германија и САД

rama_merkel

„Рама го сруши договорот помеѓу Груевски и Албанците, „Рама се сретна со претставниците на Алијансата за иднина на Косово“ се два свежи наслови кои во само два дена се однесуваат на најжешките политички прашања и во истите незаобиколив е албанкиот премиер.

Со мала претрага на интернет ќе добиеме далеку повеќе наслови кои ги пренесуваат желбите и намерите на Рама, неговите коментари врзани за регионот, Србија и Косово, Маекедонија, само не оние кои се однесуваат на прашањата за Албанија, чиј премиер е.

Фактор, фактори или штраф

Потсетувајќи на неговата летна дружба и пиење вино со британскиот премиер и сегашен лобист Тони Блер, состаноците со западните лидери, запаливите изјави без осуда, се наметнува прашањето дали Еди Рама навистина е толку важен фактор и ако е, зошто и кој се му дава толкава сила.

„Албанците во Мкаедонија и Косово природно се свртени кон матицата во Тирана“, истакнува за Спутник Душан Пророковиќ од Центарот за стратешка алтернатива, „а Рама по долги години на лидерската позиција со стабилно мнозинство, општоприфатен од сите Албанци на Балканот, со релативно добар рејтин во меѓународната заедница, ја влече својата сила.“

Донекаде таква популарност своевремено, додава Пророковиќ, имаше и Сали Бериша, но како што потсетува соговорникот на Спутник, неговите дострели беа ограничени поради клановските поделби и инсистирања на зачувување на старите структури, а Рама ги нема тие проблеми, па сето ова е логична последица.

„Имено, Албанците е вртат кон Тирана, каде што власта релативно ја стабилизираше Рама, а неговото влијание расте. Меѓутоа, никако не би ги преценувале неговите дострели ниту би укажувал на тоа дека позади сето тоа се крие некоја голема политика на Еди Рама. Гледајќи на неговата досегашна кариера, сепак се работи за релативно просечен политичар“, јасен е Пророковиќ.

„Голема Албанија“ како лост

Практично до изборот на Доналд Трамп, „Голема Албанија“ според толкувањата на аналитичарот Александар Павиќ, беше жив проект на Западот на чело со Америка, а Еди Рама централна фигура во правењето на т.н. „Голема Албанија“

„Тоа западот не го заговараше отворено, но секако ги промовираше и охрабруваше во секој чекор. Не само поради правењето на „Голема Албанија“ како таква, туку поради контрола на случувањата во соседните држави, на прво место во Македонија, а потоа во Србија“, тврди Павиќ за Спутник.

Албанците не се во состојба да водат автономна политика, додава тој, и секогаш се експоненти, „народ инструмент“, бидејќи немаат ниту ресурси, пари, а ниту бројност да водат самостојна политика.

„Значи, не може тој број на Албанци да биде главен фактор од кој сите на Балканот се тресат. „Голема Албанија“ секако е албанска аспирација, но да бидат во оваа експанзија без зелено светло од Западот, од глобалистичките кругови, апсолутно е невозможно“, подвлекува Павиќ.

Човек политика или експонен

А факторот „Рама“? Дали неговата политика се „поклопува“ со интересите, или тоа е само некаков вид „проводник“ на туѓи цели.

Не знам за пример во историјата во кој Албанците реализирале некоја своја автентича политика, додава соговорникот на Спутник Пророковиќ, туку секогаш имаше претерано мешање на надворешниот фактор, пред се на Велика Британија, Австроунгарија во еден момент, денес Германија и САД.

„Никогаш поединец не ја артикулира големата национална или државна политика. Поединецот е важен таа политика да ја изнесе, неопходно е да има авторитет и легитимитет, што Рама во овој момент меѓу Албанците го има, а од друга страна, таа политика се формулира и артикулира во значително пошироки кругови, како политички, така и општествени“, прецизира Пророковиќ.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This