“Удри бригу на весеље” новогодишна населба во центарот на Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчерашното отворање на новогодишната населба „Винтерленд“ и светнувањето на новогодишната елка на плоштадот „Македонија“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје. Настанот беше придружен со божиќните песни во изведба на 140 ученици од средношколскиот хор, од девет средни училишта на Град Скопје. Скопје започна со предновогодишното славењеУчениците на плоштадот „Македонија“ пристигнаа придружувани од членовите на Градскиот дувачки оркестар кој изведе краток параден концерт од Старата железничка станица, низ улицата Македонија до плоштадот.

Новогодишната населба се состои од куќички украсени во зимски амбиент, катчиња за забава за најмладите, мала сцена за настани наменета за посетителите од сите возрасти на која во претстојниот период ќе се одржува богата културна програма. Во рамките на „Винтерленд“, во периодот по 15-ти декември секојдневно ќе се организира најразлични настани со програма од 18 до 23 часот. Просторот околу елката е организиран како дел за храна и пијалоци, каде што граѓаните ќе може да се дружат и да уживаат во понудата на околните куќички.

Топ за вештачки снег и лизгалиштето на мраз се новина во новогодишниот концепт на плоштадот „Македонија“ што од следната недела се очекува да бидат атракција во новогодишната релаксација на посетителите.

Градот Скопје ги повикува граѓаните да го посетат „Винтерленд“ и сите заедно да ја доживеат новогодишната атмосфера организирана по примерот на останатите европски плоштади.


Специфично убаво и впечатливо. Различно од другите години и со убав пристап и позитивен ПР, навистина град Скопје се потрудило за новогодишните празници. Но почитувани ова кај нашите северни соседи народски се вика „Удри бригу на весеље“. Додека се повикуваат сите на плоштад мерките за загаденост каснат, ги нема или се непродуктивни. Тука е најголемата болка. Ова не го пишуваме од политички карактер, затоа што политиката на нашиот медиум е аполитичност, туку го пишуваме како загрижени граѓани пред се. Како да го пуштам моето дете на отворено во новогодишната населба кога загадувањето на воздухот ги постигнува своите максимуми, безбедно ли е? Министерот за здравство Филипче повика да седиме дома во најзагадените денови, зошто тогаш новогодишна населба. Нормално немојте да не разберете дека вината ви ја префрламе на Вас како гарнитура, осум години ништо апсолутно не направија предходните по ова прашање но сега топката е кај Вас помогнете му на Скопје и на Скопјани, тоа ќе биде наш најголем подарок за нова година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This