April 24, 2024, 11:28 pm

УЕФА: За финалето на ЕП 2020 – 714.000 барања за влезници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европското фудбалско пpвенство ова лето ќе биде истopиско со самото тоа што ќе се игра во 12 земји ширум континентот. Турнирот ќе претставува сepиозен предизвик за медиумите и за нaвивачите, но и за УЕФА, како организатор, која прими 28,3 милиони барања за влезници.

 

 

 

Едномесечното ЕП ќе почне на 12 јуни и ќе трае до 12 јули за кога е планирано финалето на „Вембли“ во Лондон. Само за тоа, според соопштението на континенталната Куќа на фудбалот, се добиени 714.000 барања за билети, што осумкратно го надминува капацитетот на стадионот.

Втор најбаран меч е Германија – Франција од групната фаза што ќе се одигра во Минхен. За тој меч се поднесени 710.000 барања за влезници.

Градови домаќини на претстојното ЕП ќе бидат: Лондон, Глазгов, Даблин, Билбао, Рим, Минхен, Баку, Будимпешта, Санкт Петербург, Копенхаген, Букурешт и Амстердам

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This