Ужac во Србија: Група налик „Јавна соба“ со 36 000 членови, се споделуваат ekcплицитни содржини, но и адреси и телефонски броеви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српските медиумите јавуваат за постоење на балканска мрежа налик на Јавна соба во која партиципираат околу 36.000 мажи од Балканот и кои споделуваат експлицитни фотографии, снимки, но и адреси од жени од регионот.

Станува збор за одмазничка порнографија која ја лиферуваат членовите и содржините ги разменуваат меѓу себе.

Женските организации во Србија предупредуваат дека дека одмазничка порнографија е дигитално насиство и дека жртви најчесто се жени и девојчиња. Но ланецот не оди само од жртвите до насилникот, тука се сите луѓе кои споделуваат, коментираат и натаму ги дистрибуираат фотографиите кои протекле и снимките за кои немаат дозвола за објавување.

Наводно оваа скандалозна група на Телеграм во меѓувреме е згасната, како и што се случи со македонските групи „Јавна соба“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This