April 25, 2024, 12:53 am

Ужac: Триесетдневен пpитвop зa гocтивapeц ocoмничeн зa cилyвaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело „силување“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот 49-годишник на 19 декември, со употреба на сила и закана ја присилил на обљуба оштетената.

Тој ја однел оштетената во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела.

Во еден момент оштетената успела да го оттурне од себе и да избега, а дејствијата на осомничениот ги пријавила во полиција.

„Бидејќи ценеше дека во конкретниот случај постои опасност од бегство и можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и донесе Решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“​, се наведува во соопштението. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This