Ужac: Ha пoзнaт cpпcки нacтaвник пo глyмa мy ce зakaнyвa зaтвop oд 15 гoдини пopaди нajмaлкy оcyм cилyвaњa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србија ја „тресе“ голем скандал откако спската актерка Милена Радуловиќ, го обвини за силување познатиот драмски педагог, сопственик на школа по глума во Белград, познатиот Мирослав Мика Алексиќ (68). Алексиќ е уапсен во неделата вечерта, а вчера во Суд ги отфрлил сите обвинувања. Одреден му е 30 дневен притвор.

После Радуловиќ, и некои други актерки се јавиле со приказна дека биле силувани и сексуално малтретирани од Алексиќ, кому, доколку бидат потврдени овие дела, му се заканува затвор од 15 години.

Наводно најмалата жртва која ја силувал имала 10 години.

Осомничениот, во периодот од 2008 до 2020 година, за наводно извршил осум кривични дела силување и кривични дела недозволени полови дејства на штета на шест оштетени, од кои една е малолетна, кон другите оштетени дејствата биле извршени и додека биле малолетни и по полнолетството“, се наведува во соопштението на обвинителството.

– Ќе биде што ќе биде. Немам коментар – рекла сопругата на Алексиќ, Биљана Машиќ, професор на ФДУ.

– Милена има безрезервна подршка од семејството, но со оглед на тоа дека ова е почеток во оваа фаза на процесот, нема да даваме изјави, рекла мајката на Милена Радуловиќ, која прва го пријавила Алексиќ за силување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This