April 26, 2024, 10:52 pm

УЗБУНА ВО ХРВАТСКА: 18.000 Хрвати добиле повик за воено распоредување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватските власти повикале на смотра околу 18.000 резервни официри од кои треба да се одборат вкупно 9.031 за потполнување на шест пешадиски резервни полкови на Вооружените сили, соопшти Министерството за одбрана на Хрватска

Од околу 18.000 повикани, се одзвале околу 12.000. Од кои причини не се појавиле 6 илјади на повикот, засега нема податоци, пишува „Јутарњи лист“.

Повикувањето на резервистите предизвикало голема узбуна во хрватската јавност, но и Министерството за одбрана само се држи до усвоените планови за пополнување, според кои во текот на 2017 година се планира да се формираат шест пешадиски полкови на Вооружените сили. Повикувањето на резервистите започна во текот на сепмтеври и ќе трае до крајот на годината, а ќе продолжи и во текот на следната година.

Откако започна повикувањето на разноврсни резервисти, следеа и многу прашања и од нивна страна, но и од страна на работодавачите, за тоа кои се нивните права, пишува „Јутарњу“. Хрватското здружение на работодавачи барало одговор од Министерството за одбрана каде што стои дека секој резервист има право на надохнада на трошоците за превоз, задржување на правата и должностите од работниот однос, а оние кои остваруват право на пензија или парична надохнада поради привремена невработеност им останува тоа право додека ја извршуваат воената обврска.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This