March 28, 2024, 12:44 pm

УКИНАТ МЕСЕЧНИОТ ДОДАТОК ЗА ТРЕТО ДЕТЕ: Родилките нема повеќе да добиваат месечен надоместок за трето дете!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Родилките нема повеќе да добиваат месечен надоместок за трето дете. Наместо 8.048 денари месечно во период од десет години, планирана е еднократна парична помош.

Измените во Законот за заштита на децата предвидуваат укинување на додатокот за трето дете воведен во 2009 година од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Предлог законот веќе е објавен на страната на Националниот електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Следува негово разгледување на владина седница, по што треба да се даде на усвојување во Собранието.

Наместо додатокот, со законските измени се предвидува за прво дете висината на еднократната парична помош да изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари“, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Со оваа мерка, до сега секоја родилка за трето новороденче во период од 10 години добиваше финансиски надоместок од околу 960.000 денари, а со новиот закон ќе зима еднократна помош од само 60.000 денари со што државата би „заштедила“ по 900.000 денари односно околу 15 илјади евра од секоја родилка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This