УКИНАТ ПРИТВОРОТ ЗА МИЈАЛКОВ ЗА ,,ТАРГЕТ-ТВРДИНА“: По укинувањето му е определен притвор за предметот „Империја“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судот му го укина притворот на Сашо Мијалков за предметот „Таргет-Тврдина”, а му определи 30-дневен притвор за предметот познат како „Империја”, информираа од Основниот суд Скопје 1-Скопје за МИА.

-Заради појаснување на јавноста во врска со притворот на С.М., по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои прозлегуваат од незаконското следење на комуникациите, во предметот познат како „Таргет-Тврдина”, претходно определениот притвор на лицето С.М. му е укинат со решение на Судот, а по предлог на надлежното Обвинителство во предметот познат во јавноста како „Империја”, судија на претходна постапка го прифати предлогот и му определи 30-дневен притвор заради постоење на основите од член 165, став 1 точка 1 и 2, односно опасност од бегство и основи кои укажуваат на влијание врз сведоци, информираат од Основниот суд за МИА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This