Укинување на предметот историја е рамно на самоубиство на нацијата, не постои држава свесно си ја укинала сопствената историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” на Алфа телевизија гостуваше поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски. Тој во вечерашното гостување се осврна на лошите владини политики, како и на моменталната политичка ситуација.

Трајановски вели дека не е во ред бугарските политичари да ги притискаат македонските и од нив да бараат да признаат нешто што не е логично да се признае. Според него, македонскиот јазик е автономен јазик, кој можеби има сличности со јазикот на источните соседи, но никако не е производ на тој јазик, туку напротив, македонскиот јазик е оној кој се зборувал пред да бидат измислени сите останати.

Трајановски посочи и на идејата на Мила Царовска која изминатите два дена е многу актуелна во јавноста, а тоа е укинувањето на предметот историја во основните училишта, односно негово припојување на предмет наречен општествени науки. Според Трајановски, доколку се случи нешто такво, тоа ќе биде свесно самоукинување за кое нема да има назад, односно со таков чин македонската страна во преговорите со Бугарија ќе даде до знаење дека се откажува во битката за своите барања.

-Јас не се сеќавам дека било која држава свесно си ја укинала сопствената историја. Тоа е така затоа што независно од политичките моменти во државите, сите политички субјекти стојат зад државниот и национален идентитет. Кај нас очигледно одредени политичари се чувствуваат толку одродени, што за нив историјата не претставува ништо свето, но како и да е, нема да им дозволиме да менуваат нешто кое што ниту досега некој го сменил, ниту пак во иднина некој ќе посегне, вели Трајановски.

„Политичките гарнитури се менуваат, а потоа се оценуваат за нивната работа или неработа. Но, за вакви потези од рангот на идеите на Владата и на Царовска, народот пресудува многу посилно отколку кога се работи за реализација на одредени проекти“, заврши Трајановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This