УКИМ И УКЛО ЌЕ ИЗУMPAT: Нема асистенти за да ги заменат професорите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Буџетот за високо образование и за наука не се носи во транспарентна постапка која би требало да ги вклучува чинителите. Тој во моментов е речиси формално и фактички недостапен и не постојат канали за влијание кои би обезбедиле буџетот да ги одразува реалните потреби на високото образование и науката, се дел од заклучоците од анализите за транспарентноста на буџетите за високо образование и наука и партиципацијата на јавните високообразовни и научни установи во нивното креирање, кои беа презентирани од страна на Независниот академски синдикат (НАкС) на работилницата во Крушево, што се спроведе во рамки на прокетот „Финансиска транспарентност во високото образование и науката во Македонија“.

На работилницата беа презентирани и резултатите од компаративна анализа на движењето на буџетите за високо образование и наука во однос на БДП за период од последните девет години, но и во однос на останатите држави во Европа, анализа на структурата на вработените, како и на висината на платите на вработените во јавните високообразовни и научни установи во Северна Македонија.

Резултатите покажуваат дека вложувањата во високото образование се меѓу најниските во Европа и во континуитет опаѓаат, вложувањата во науката се исклучително мали, но и тие средства кои се предвидени не се насочени директно во научно истражувачката дејност, процентот на реализација на доделените средства е мал и постојано опаѓа како резултат на креирањето буџет кој не соодветствува на реалните потреби.

Постои голема разлика во платите и структурата на наставниот кадар меѓу универзитетите – најниски се просечните професорски плати на УКИМ и УКЛО. Но, исто така, на овие два универзитета состојбата со асистентите, кои за кратко време ќе треба да ги заменат своите професори, е алармантна. Големи разлики постојат и во соодносот меѓу наставниот и ненаставниот кадар (парадоксално – најмалуброен е административно-техничкиот кадар на старите, неинтегрирани универзитети, додека кај интегрираните: ДУТ, УГД и Универзитет „Мајка Тереза“ таквиот кадар е во значително поголем процент). Проценката е дека со ваквите политики, главно насочени кон УКИМ и УКЛО, овие универзитети се оставени полека да изумираат, истакнаа од НАкС повикувајќи се на резултатите добиени од истражувањата.

Од Синдикатот посочија дека на средбата се разговарало за прашања од стратешки интерес за понатамошното дејствување на НАкС, како и за чекорите кои треба да бидат преземени во правец на итни промени што ќе влијаат врз ублажување на последиците од досегашните погрешни политики.

Таквите промени се нужни за да се унапреди квалитетот на образованието и развојот на научно-истражувачката работа, како и за да се врати достоинството на вработените во овие сектори. Нашата цел е квалитетно образование и соодветни и достојни услови за работа, затоа што единствениот загарантиран пат до развојот на општеството е преку вложувањата во образованието и науката – заклучија од НАкС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This