УКЛО И АМЕРИКАНСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ: „Како пaндeмијaтa ќе влијае врз студирањето и пазарот на трудот?“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

УКЛО, Факултетот за безбедност-Скопје и Американскиот центар за образование денеска од 12:30 часот во рамки на онлајн активности од областа на јавните политики ќе организираат е-дискусија на тема „Што велат студентите? Како пандемијата ќе влијае врз студирањето и пазарот на трудот? Дали има потреба од нови јавни политики?”

Говорници во дискусијата ќе бидат проф. д-р Марјан Ѓуровски проректор на УКЛО и професор на Факултетот за безбендост-Скопје, проф. д-р Кирил Барбареев професор на Универзитетот „Гоце Делчев„, Алек Ицев менаџер за инженерство во Google, студентски лидери на УКИМ и УКЛО Борјан Ефтимов и Дона Петрова, Претставниците од Амбасадата на САД во земјава задолжени за образовна размена и алумни Газмент Илјази, за образование во САД Билјана Кузмановска Тасетовиќ и Никола Данев дипломиран на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Целта е поттикнување на активностите во високото образовните и во актуелните вонредни околности со цел мотивирање на студентите преку електронска комуникација. Сесија вклучува дискуии од професори од земјата и странство, споделување на практики за начинот на студирање денес и утре. Потребен е сеопфатен и систематски пристап кон креирање јавни политики засновани врз принципите инклузивност и опфаќање на широк спектар на проблеми и сектори, воедно да одговори на глобалните ризици и закани.

За своите активности и следења на предавањата и понатамошна практична работа студентите ќе добијат Сертификат од Факултетот за безбедност и Американскиот центар за образование.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This