April 18, 2024, 10:21 pm

УКРАДЕНИ 19 ПИШТОЛИ И ДЕВЕТ ПУШКИ: Ограбена продавница за оружје во ГТЦ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за ловна опрема и пиротехнички материјали лоцирана во Градскиот трговски центар во Скопје.

Како што информира МВР, случајот бил пријавен вчера во 13:30 часот, а кражбата се случила од 7 до 9 декември годинава.

Крадецот одзел 19 пиштоли марка „Глок“, „Берета“, „Хеклер и Кох“ и девет ловни пушки марка „Берета“, „Фабарм“ и „Моеберг“ и „Диана Класик“ (воздушна пушка) по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.600.000 денари.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This