УКРАИНА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОЈНА: Американското оружје „џавелин“ пристигна во Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американските противтенковски ракети”Џавелин” веќе се испратени во Украина, изјави за Спутник официјален претставник на Стејт департментот.

“Веќе ги испративме”, изјави за Спутник портпаролот на Стејт департментот, воздржувајќи се од понатамошните коментари.

Во 2017 година, властите на САД ја одобрија испораката на оружје во Киев, вклучувајќи ги и преносливите противтенковски ракетни комплекси “Џавелин”. Без оглед на многуте барања на Русија, администрацијата на Барак Обама ја изврши испораката. Украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека Киев смета на американско оружје во 2018 година.

Русија постојано предупредува за испорака на оружје за Украина, бидејќи тоа само ќе доведе до ескалација на конфликтот во Донбас. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, во неколку наврати изјави дека испораката на оружје за Украина нема да помогне во решавањето на кризата во Донбас и спроведувањето на договорот од Минск.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This