Украина се подготвува за инвазиja и „долга okyпација со почетокот во 2022 година“: Американското paзузнавање ги „откри руските планови за нaпaд на Украина“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската разузнавачка служба „го откри потенцијалниот план на Русија за напад на Украина“. Нападот, наводно, би можел да се очекува уште на почетокот на 2022 година, од „три правци“, пишува агенцијата Блумберг, повикувајќи се на свои извори. Исто така, се проценува дека Москва повикала „десетици илјади резервисти“.

Според агенцијата, САД минатата недела споделиле разузнавачки информации со европските сојузници, како и мапи кои наводно покажуваат акумулација на руски сили и артилерија со цел да се подготват за „инвазија на Украина“.

Американската проценка е дека Москва би можела да „планира напад“ на Украина на почетокот на следната година.

Според изворот, информациите доставени од САД содржат сценарио според кое руските војници „имаат намера да ја преминат границата на Украина од правец на Крим, по копно и преку Белорусија“.

Во операцијата наводно би можеле да бидат вклучени околу 100.000 војници „подготвени за потенцијално долга окупација“, тврди агенцијата.

Во врска со тоа, два неименувани извори велат дека „приближно половина од тактичките групи веќе ги зазеле своите позиции“, како и дека „се планира авијациска поддршка“.

Според нив, Москва повикала „десетици илјади резервисти во размери без преседан за постсоветската ера“, а нивната улога е наводно „да ја обезбедат безбедноста на територијата во подоцнежна фаза“.

Украина: Западот ни вети помош

Во исто време, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов изјави дека Киев добил ветување од западните партнери дека ќе му помогне на Киев колку што е можно во случај на „руска офанзива“.

„Не е тајна дека разменуваме информации, така што речиси сите разбираат што се случува. Единственото нешто што останува неизвесно е е кога Путин ќе нападне. На крајот на краиштата, мора да бидеме подготвени во секој случај, а нашите партнери не уверија дека максимално ќе и помогнат на Украина во случај на напад“, изјави Данилов во интервју за „Укринформ“.

Како што претходно изјави неименуван висок функционер во американската администрација, Соединетите Држави, под власта на претседателот Џозеф Бајден, покажаа дека се подготвени да прибегнат по бројни средства за да се спротивстават на „дејствијата“ на Русија и дека таа ќе продолжи да го прави тоа.

Во неделата, шефот на украинската воена разузнавачка служба, генерал Кирил Буданов, ја обвини Русија дека наводно „концентрирала“ повеќе од 92 илјади војници во близина на границата со Украина и дека „се подготвува да ја нападне“ на крајот на јануари или на почетокот на февруари.

Во таа насока, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Западот вештачки ја поттикнува хистеријата со предупредување за можна подготовка за руска „инвазија“ на Украина и дека Кремљ не исклучува обиди со провокации да се оправдаат наводите на западните земји.

Американските медиуми неодамна изразија загриженост поради наводното зголемување на руските „агресивни дејствија“ на границата со Украина. Во врска со ова, портпаролот на претседателот на Русија изјави дека Русија ги преместува војниците на својата територија и по своја дискреција. Според него, тоа никогаш не загрозува и не треба да загрижува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This