УКРАИНСКИ АВИОН ПАДНА ВО ТЕХЕРАН: Авион со 180 патници падна веднаш по полетувањето од Иранската претстолнина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Украински Боинг 737 кој полетал од иранската претстолнина кон Киев се срушил веднаш по полетувањето од Техеран со 180 патници, јавуваат иранските медиуми

Според првичните информации се работи за технички проблеми на авионот.

Информациите на радарите кои ги следат цивилните летови, укажуваат на тоа дека летот со број ПС752 неочекувано исчезнал од радарската слика веднаш по полетувањето од аеродромот Имам Хомеини околу 06.00 часот изутрина.

Претходно, американската федерална агенција за цивилно воздухопловство издаде забрана за сите цивилни летови во регионот на Иран и Персискиот залив поради можност за „грешна идентификација“ на летечките објекти во „екот на зголемена воена активност“.

Не се исклучува можноста летот да бил и „ненамерно“ урнат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This