April 23, 2024, 10:51 am

Укpaински политичар: Ќе нè пoдeлaт, како што напpaвија со Југославија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во иднина на Украина може да ѝ се случи судбината на Југославија и да биде поделена на четири дела, изјави украинскиот политичар Евгеније Мураев за украинскки медиуми.

Според него, западните земји, како Полска, Унгарија и Романија, имаат свои цели, инвестираат пари во пограничните области и активно им ги даваат своите пасоши на Украинците.

„Ние не сме економски независни, не можеме да се издржуваме, немаме ветувачка иднина, живееме на кредит“, рече Мураев.

Тој го критикуваше претседателот Владимир Зеленски за неговите зборови дека СССР бил агресор посочувајќи дека, според таа логика, треба да се вратат пет области што Европа ѝ ги даде на Украина.

Претходно, поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили зборуваше за можно распаѓање на Украина. Според неговите изјави пренесени од агенциите, државата е пред пропаст поради зголемувањето на централизацијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This