April 26, 2024, 10:22 am

Укpaинcки гpaнaти пaднaa вo peгиoнoт Донбас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Украинските безбедносни сили денеска со минофрлачки оган го гранатираа предградието на Горловка, кое е под контрола на Донечката Народна Република, соопшти канцеларијата на ДНР.

Прецизирано е дека се истрелани вкупно 10 мини со калибар 82 мм. Горловка се наоѓа на линијата на раздвојување, 40 километри северно од Донецк и редовно е мета на гранатирање од страна на украинската војска. Пред почетокот на судирите во градот живееле околу 250 илјади луѓе.

Заменик командантот на Народната милиција ДНР, Едуард Бушурин изјави дека не се исклучува Киев да се обиде да предизвика провокации за време на прославата на Велигден во Донецк и Маријаполе.

Во Донбас се на слила дополнителни мерки за гарантирање на примирјето, кои во потполност забранува размена на оган, преместување на вооружувањето во близина на населени места, офанзиви, извидувачки и диверзантски акции.

И покрај тоа, вооружените судири продолжуваат.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This