УЛА ДОБИ НОВА УЛОГА: На „штиците кои живот значат“, никогаш нема „втора шанса за прв впечаток“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не е тајна дека сестрите Тодевски од мали нозе биле мултиталентирани. И не само за музика… Конечно, Тијана својот актерски талент на најдобар начин го покажа и докажа во ситком серијалот „Преспав“.

Таму „фрау Ула“ дефинитивно го положи актерскиот испит. Ако не и – магистратурата! А по секоја магистратура, на ред е докторат? Или можеби одиме одново од „бруцош“, зашто новата улога е таа, ама жанрот не е тој. Или поточно, различен е пристапот. Отприлика исто како кога пееш, да пееш на плејбек во видеоспот и во живо на фестивал? Е ова е она второто.

Имено, откако брилјираше во „Преспав“, Тијана не остана не забележана и од актерската фела во соседството. Поточно, во Белград каде што живее, па откако „им фати око“ нејзината телевизиска глума, продуцентите, режисерите и актерите решија да ја земат под свое. Само што овој пат во прашање е тетатарот и глумата во живо.

Тијана ќе стапне на „штиците што живот значат“ и тоа на оние, на театарот „Звездара“, од каде доби покана да заигра во една ролја од нивната нова престава „Еден грам живот“, каде што ќе игра заедно со проверените српски актеришта Драган Петровиќ – Пеле и Бода Нинковиќ.

Во преспав како Ула беше врв, ама таму има сними-врати,пиши-бриши…Во театарот е сосема поинаку. На „штиците кои живот значат“, никогаш нема „втора шанса за прв впечаток“!

Ама, познавајќи ја Тијана, убедени сме дека телевизиската улога на Ула ќе биде „нула“ во однос на онаа што ќе ја изгира на театарската сцена, па за „Еден грам живот“ ќе добие еден тон аплаузи!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This