КЛУЧ НА ВРАТА: Улица „Македонија“ се пpaзни, многу дуќани затворени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Дуќанот се издава“. Овој натпис стои на излогот на овој објект веќе подолго време. Ист ваков натпис има и на многу други објекти на улица Македонија. На многу дуќани е ставен клуч на врата и никој не ги зема под наем, пренесува ТВ 21.

Граѓаните сметаат дека објектите се затвopeни поради големото иceлување на младите во последно време. Други пак велат дека лошата финансиска состојба е главната причина што трговските објекти на супер локација како што е улица Македонија, остануваат празни.

АНКЕТА НА ГРАЃАНИ:

-Оваа улица секогаш била позната, нон стоп имало кафетерии, ресторани и многу туристи. Мислам дека многу млади си заминaa, сите за подобар живот.

-Што да мислам, немаат пари, не можат да ги изнајмат, сигурно се скапи. Не знам.

-Луѓето кои се занимаваа со занаети веќе ги нема, стари се, а младите не напуштија и за жал традицијата се прекинува. Жално е што дуќаните се празни, но што да правиме, тоа е.

Улица Македонија се смета за најфреквентна улица во државава, но во последно време се помалку граѓани можат да се забележат тука. Ова е главната причина зошто голем дел од дуќаните завршуваат со клуч на врата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This