УМС на ВМРО-ДПМНЕ отвори промотивен информативен штаб во Куманово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овој штаб ќе биде отворен во текот на целата изборна кампања која што ќе трае и ова ќе биде едно од главните места за сите млади во градот каде што ќе можат да се информираат за сите младински политики и ќе може да се информираат за сите проекти кои што ќе влезат во изборната програма за престојните предвремени парламентарни избори, изјави подпретседателот на УМС Димче Арсовски, за време на посетата во Куманово.

dimce-640x356
-Разговаравме за младински политики, разговараме за проекти за млади и морам да ги истакнам 40-те мега проекти кои што беа промовирани преку кампањата Македонија за младите. Тие се мега проекти на кои што главен фокус се дава на вработувањата, односно на нови работни места и на образованието. Дури 27 проекти од мега кампањата се само за студентите од високото образование, што уште еднаш покажува дека образованието е еден од главните фокуси на оваа политичка партија на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Арсовски.

Тој исто така истакна дека денеска била потпишана декларацијата 20/20 која што ќе биде декларација за коалицијата за подобра Македонија која ќе настапи на овие избори. И еден од главните фокуси на оваа декларација е фокусот за младинските политики, односно за просперитет на младите и отворање на нови работни места кои што треба да им приуштат еден подостоен живот на сите млади.

-Ние исто така имаме конкретни проекти како да ја реализираме оваа кампања, а од другата страна пак имаме само расфрлања од опозицијата и ниту еднаш не слушнавме како ќе бидат реализирани сите тие проекти кои што ги нудат на младите луѓе, истакна Арсовски.

mario-640x378
-Вечерва унијата на млади сили од општинскиот комитет од Куманово го отвара промотивниот штаб кој што ќе функционира до изборите тука во Куманово. Веќе подолг временски период унијата на млади сили е присутна на терен во Куманово меѓу младите луѓе, ги слушнавме сите нивни потреби, желби, проблеми кои што ги имаат и со кои што се соочуваат во Куманово, а верувајте тука ги има многу. Сите овие работи се склучени во новата програма која е наменета за младите луѓе истакна Марио Цветковски претседател на УМС-Куманово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This