УНАПРЕДЕНА СОРАБОТКАТА: Нотарската комора потпиша договор за соработка со германските нотари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договор за меѓународна соработка денеска во Берлин потпишаа Нотарската комора на Македонија и Федералната комора на нотарите на Германија.

Целта на потпишувањето на договорот, како што информираат од Нотарската комора, е поставување на основа за идни размени меѓу двете институции со обврзување за споделување информации организирање заеднички проекти, особено оние кои се однесуваат на професионалниот тренинг, правните случувања и дигитализацијата.

Договорот го потпишаа претседателот на Нотарската комора на Македонија, Васил Кузманоски и правниот советник германската Федералната комора на нотарите, Ричард Бок.

Ногарските комори, се вели во соопштението, со години соработуваат за унапредување на квалитетот во полето на превентивната правда во Македонија и во целиот регион, преку одржување и присуство на настани и состаноци со посебен фокус на правните случувања, професионалните тренинзи, половата еднаквост и предизвиците на дигитализацијата во нотаријатот преку проектите организирани од страна на Германската агенција за развој (ГИЗ)и Германска фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).

На потпишувањето покрај делегацијата од Нотарската комора на Македонија, составена од претседателот Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор Анита Адамческа, присуствуваа и претставник од Министерството за правда, државниот советник Љубица Караманди Попчевски и амбасадорот на земјава во Берлин Рамадан Назифи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This