March 28, 2024, 10:54 pm

Унгарија бара ЕУ да ги објави цените за набавените вakцини, се coмнeвaaт во мaлвepзaции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарија бара од Европската Комисија да ги објави сите потпишани договори на ЕУ за набавка на вакцини, како и распоредите за испорака, потенцирајќи дека тие веќе ги објавиле договорите со Кина и Русија со цел одржување на „јавната доверба“.

Барањето доаѓа од Гергели Гулјас, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој писмото го испратил до Стела Кирјакидис, одговорна за безбедност на лекови и храна при Европската комисија.

Од Комисијата велат дека не се во можност да ги објават цените на вакцините без одобрение од компаниите. Досега, објавени се редактирани верзии на договорите со КјурВак, АстраЗенека и Санофи, но Европските законодавци бараат поголема транспарентност.

Гулјас нотира дека досега Унгарија досега успеала да вакцинира 1.2 милиони луѓе – од 9.6 милиони – благодарение на Руските и Кинеските вакцини кои земјата си ги купи во сопствен аранжман.

Унгарија ги објави договорите за два милиони руски „Спутник В“ и пет милиони кинески „Синофарм“ вакцини во четвртокот (11. март).

Земјата платила 31.5 евра по доза од Кинеската вакцина и 9.95 евра по доза од руската Спутник-В, од кои и двете се администрираат со ревакцинација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This