УНГАРИЈА ГИ ПОВЛЕКУВА ЗЛАТНИТЕ РЕЗЕРВИ ОД ЛОНДОН: Унгарската национална банка го повлече златото поради „безбедносни причини“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Националната банка на Унгарија одлучи да го врати златото назад во Унгарија, резерви од 3 тона злато кои досега се чуваа во Лондон.

Одлуката за враќањето на резервите назад во државата, во вредност од 33 милијарди унгарски форинти или 130 милиони долари, е објаснета со безбедносни причини, како гаранција во случај на потенцијална на потенцијална геополитичка криза.

Ова е во линија со интернационалните трендови, бидејќи централните банки сметаат дека е ризично чувањето на златните резерви надвор од државата, ова мислење го делат и Австриската, Германската и Холандската централна банка. Централните банки на овие држава исто така неодамна решија да ги вратат во своите сефови резервите на злато.

Централната банка на Унгарија има резерви на злато уште од своето формирање во 1924 година. Количеството на злато од тогаш е во постојан раст се до Втората Светска Војна. Најголемото количество на злато кое го поседувала Унгарија било околу 70 тони, во почетокот на седумдесетите.

Во почетокот на 2010 година, тенденцијата резервите на злато да се чуваат надвор од државата се промени повторно, а централните банки започнаа со акумулирање на резерви на злато поради потенцијална економска криза.

САД и Германија се во моментот имаат најголеми резерви на злато. Унгарија пак јпоседува една од најмалите резерви на злато во Централна Европа. Од 1992 година, Будимпешта нема набавувано или продавано злато.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This