April 24, 2024, 12:06 am

УНГАРИЈА ЗАБРАНИ ИЗГРАДБА НА ЏАМИЈА: Спречена изградба на џамија во село на унгарско-српската граница!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот човек на унгарското село Ашотхалома на границата со Србија, Ласло Тороцкај, од редовите на ултрадесницата, рече дека селската управа изгласала забрана за изградба на џамии и за активностите на муезините, т.е. оние што од минарето ги повикуваат верниците на молитва.
ungarska_policija

Асошиејтед прес додава дека е забрането и носење превези и шамии со кои муслиманските жени ги покриваат главите.

Агенцијата соопшти дека Тороцкај рекол дека наредбата е донесена за да се одбранат „заедницата и традицијата“ на тоа село од планот на ЕУ да пресели одреден број баратели на азил во 28-те земји на ЕУ.

АП потсетува дека ова село на југот на Унгарија кое се наоѓа на границата со Србија било главно место за влез во Унгарија на мигрантите кои по балканската рута се обидуваат да пристигнат до Западна Европа.

Агенцијата додава дека Тороцкај бил еден од првите во заговарањето за изградба на гранична ограда со што би се запрел приливот на мигранти и додава дека Унгарската Влада до крајот на 2015. поставила ограда на границата со Србија и Хрватска.

Извор:
Танјуг

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This