Унгарија продолжува да ги штити своите граѓани со дополнителни мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарската влада ќе го продолжи мораториумот на отплаќањето на кредидите за домаќинствата и претпријатијата до јули, за да ги ублажи последиците од коронакризата, објави во саботата премиерот Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер, исто така, обајви дека локалниот данок за малите и средните претпријатија ќе биде преполовен од почетокот на јануари за да може да се сочуваат работните места.

Орбан прецизираше дека градовите со помалку од 25.000 жители ќе добијат помош од владата, додека финансиската ситуација на поголемите општини „ќе биде разгледувана на индивидуална основа“.

Унгарската влада очекува дека бруто домашниот производ (БДП) годинава ќа панде околу 6 отсто поради кризата предизвикана од пандемијата на коронаворусот.

Според Орбан, владата ќе покрие две третини од трошоците за плати на работниците во декември и јануари кои мораат привремено да ги прекинат активносите во туристичкиот и хотелиерскиот сектор, како и за рестораните и приватните автобуски превозници.

Семејствата со деца или кои очекуваат дете ќе имаат право на поволен заем до 6 милиони форинти, околу 16.000 евра и неповратна помош за обновување на домот која претходно беше одредена на околу 10.000 евра.

„Ги донесовме овие одлуки…., и се надеваме дека можеме да спасиме неколку стотина илјади работни места“, рече унгарскиот премиер. Орбан додаде дека очекува пандемијата со сегашниот интензитет да потрае до април.

Вакцинацијата против Ковид-19 во Унгарија ќе започне на 27-ми или на 28-ми декември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This