УНГАРСКАТА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА ГО ОРГАНИЗИРАЛА БЕГСТВОТО: Бриселски „Политико“ со нови детали за бегството на Груевски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарската разузнавачка служба го овозможила бегството на екс-премиерот на Македонија Никола Груевски во Унгарија, наведува бриселскиот портал „Политико“, повикувајќи се на две неименувани лица запознати со ситуацијата


Во текстот се отсетувад ека Груевски бил премиер на Македонија до 2016.година и дека претходно овој месец требало да започне да ја издржува завторската казна поради корупција, за одеднаш да ја напушти земјата и да се појави во Будимпешта.

Недела дена подоцна, Груевски објави дека доби азил во Унгарија.

Се наведува дека унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто претходно оваа недела призна дека унгарски дипломати биле заедно со екс-премиерот за време на неговото патување низ Балканот до Унгарија.

Портпаролот на унгарската влада не одговорил на прашањето на „Политика“ да ја искоментира улогата на разузнавачкиот апарат во оваа операциај.

Се наведува дека премиерот на Унгарија Виктор Орбан, кој се опишува како долгогодишн сојузник на Груевски, јавно ја бранеше одлуката за доделување на азил на бившиот македонски премиер, укажувајќи на нешто што го опишува како „сложена политичка борба и игра“ во Македонија.

Потсетува дека американскиот Стејт департмент изразил загриженост поради потегот на Груевски со цел избегнување на затворска казна, а дека Македонија поднела официјално барање за екстрадиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This